Кралска винарија- Кралица Марија

  Кралската Винарија кај Демир Капија е  Кралската винарија- Кралица Марија е една од најстарите винарии во земјава.  Изградена е од страна на Кралот Александар Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Марија во далечната 1928 година.

Кувин

Кувин е мала фамилијарна винарија која е регистрирана во 2015та година, иако со производство на вино се бави од 2011та. Со цел да останат верни на традицијата и историското наследство на регионот, винаријата своето име го добива по селото Кучково кое се наоѓа во Скопје. Кувин има капацитет од 20,000 литри, а годишно произведува околу 12,000 литри вино. 

Скопски вински салон - Винодонија 2017, 1-2 декември, хотел Мериот

Петок, Декември 1, 2017 - 13:00 to Сабота, Декември 2, 2017 - 20:00
Мериот хотел Скопје

Оваа година по втор пат на 1ви и 2ри декември во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи Скопскиот вински салон- Винодонија 2017, најзначајниот вински настан во Македонија. Овој салон, прв од ваков вид во земјава, е организиран од група на вински критичари, едукатори и судии под закрила на Здружението на сомелиери на Република Македонија.

По огромниот успех кој Винодонија го доживеа минатата година и на едно место успеа да ги собере винариите од Македонија, како и од Балканот, и многу други европски земји како Италија, Франција, итн. оваа година по втор пат ќе ги собере сите чинители на винската индустрија, вински љубители, критичари и новинари, како и преставници од ХоРеКа секторот, бизнис заедницата и преставници од амбасадите во земјава и пошироко. 

Програмата на салонот вклучува мастер класови на винариите, Шато Камник,Тиквеш и Стоби, како и работилници (дегустации) кои ќе ги заинтригираат сите вински љубители:Професионална дегустација со чашите на Риеделедукативна работилница со Стефано Канело, експерт за чаши од Риедел, најпознатата компанија за производство на чаши за винска намена во светот, Спарување на далматинска храна и македонски вина со Џино Премзиќ, еден од најпознатите шефови на кујна и Слободен Чокревски, Претседател на Slow Food Macedonia, Мастер клас на Споредба на црногорски со македонски вранци со Данијела Радеч (Претседател на Здруќението на сомелиери на Црна Гора) и Звонко Херцег (вински есперт-WSET), Мастер клас за Хрватски пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора со Иво Козарчанин (вински новинар), Мастер клас Бугарија на винската карта. Да ја истражиме! со Галина Тодорова Нифору (директор на BIWC, Интернационалното балканско винско натпрварување), Тајните на станушината- македонскиот пино ноар со Проф. Д-р Климе Белески и Звонко Херцег и Елеганцијата на македонската темјаника со Ивана Симјановска. Цената за секоја од работилниците и мастер класовите почнува од 800 денари и истите се веќе пуштени во онлајн продажба- повеќе инфо за картите на следниов линк http://vinodonia.mk/programa

Вино Скоп / Vino Skop 2017 20-24 септември

Среда, Септември 20, 2017 - 16:30 to Недела, Септември 24, 2017 - 00:00

Да ја дочекаме есента заедно! 
Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното – Вино Скоп 2017.
Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии.
Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила- уживање во пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.
Повеќе информации наскоро!

Pages

Вински речник

е црвена сорта чии гроздови имаа темна, речиси виолетова боја и содржат многу танини. Малбекот е позната како една од шесте сорти кои се одлгедуваат во регионот Бордо во Франција. Како едносортни вина, вината добиени од Малбек се со темно виолетова боја, меки танини, понизок степен на киселини и ароми на црна рибизла. Најчесто Малбекот се меша со други сорти како Каберне совињон и Мерло, а совшен пример за ова се вината од регионот Бордо. 

повеќе