Винаса

Адреса: 
Радовиш
Телефон: 
+389 32 631 102; +389 716 868

Ацо Јованов, кој е агроном по професија, и Мите Србаков се добри пријатели со години, а нивните фамилии имаат долгогодишна традиција на правење вино. Следниот логичен чекор било отворање винарија во Радовиш каде што двајцата живеат и тоа во големиот подрум од куќата на Ацо. Капацитетот е 25.000 литри, а толкаво е и производството. Бидејќи не поседуваат свои лозја, потребното грозје го купуваат од Тиквешкиот регион. И покрај фактот што винаријата е скромно опремена, Ацо прави извонредни вина. Црвените вина на Винаса всушност се црни вина, со висок процент на алкохол и комплексни ароми. Посебниот вид вранец кој се произведува во оваа винарија се вика Гајрет.

Винаса ги продава своите вина во винаријата, но исто така може да се најдат и во супермаркетите и рестораните во Радовиш и околината.

Црвени: Каберне совињон, Мерло, Вранец, Гајрет (Вранец)

Бели: Шардоне, Ризлинг, Совињон бланк